Навивачката група Комити Запад кои се познати како едни од најголемите патриоти и како луѓе кои помагаат секаде каде што е потребно одново помогнаа.
Овој пат, тие објавија фотографија на која напишаа: „Уште трае битката на Мечкин Камен – Се уште ја браниме Републиката од пламен!“. Дополнително, тие напишаа дека „За македонски градови и села“ се први да помогнат и да не го остават народот на цедило. За овој гест тие добија многу позитивни коментари.
Уште трае битката на Мечкин Камен
Се уште ја браниме Републиката од пламен!#Пехчево
#ЗаМакедонскиГрадовиСелаPosted by Komiti Skopje on Thursday, August 5, 2021
Да не заборавиме, при поплавите пред неколку години во главниот град токму оваа навивачка група мобилизираше голем број луѓе и помогнаа на оние кои им беше најпотребно.