Македонските компании не можат да го издржат поскапувањето на струјата, но и зголемувањето на цената на гасот, а бараат да бидат обесштетени од државата. Во спротивно тие најавуваат масовни протести веднаш после Божиќ.
Индустриската струја за фирмите беше зголемена три пати во последните два месеци, а на многу компании ненадејно им беа раскинати договорите за снабдување со струја од нивните снабдувачи.
Фирмите морале да склучат нови договори со кои однапред ќе плаќаат по 500 евра за мегават/час за да ги обезбедат снабдувачите кои купуваат струја на берзата по нови, видно зголемени цени. Истовремено, цената на струјата за домаќинствата веќе е качена и изнесува 108 евра за мегават час плус ДДВ од 5 отсто, што не смее повеќе да се качува, вели за Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика. Тој предвидува дека и цената на гасот трикратно ќе се зголеми.
Манасков најави дека доколку барањата за обесштетување и замрзнување на цените не бидат исполнети, фирмите ќе излезат да протестираат на улиците.