На Битола и е потребен сеопфатен план и стратегија со која заедно со различни чинители од културата ќе испланираме каква култура во Битола сакаме да имаме во наредните четири години, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Тони Коњановски.
На средба со културни работници од Битола, Коњановски најави поддршка од општинскиот буџет за квалитетна културна понуда, достапна за урбаните делови и руралните средини, преку дисперзирање на проектите и културните настани.
-На листата на поддршка се јавните институции, невладините и приватните институции од културата, традиционалните манифестации, креативните индустрии, културно уметничките друштва, градските хорови, социјалната и културна инклузија на лицата со специфики, проектите за, и од младите преку поттикнување на нивната креативност, обновата и развој на традиционалните занаети. Ние во креирањето на културната програма ќе се раководиме од квалитетот, ќе го подигнеме нивото на културна понуда во градот, таа да не биде инцидентна туку конзистентна, издржана и континуирана, истакна Коњановски и најави отворена поддршка за креативните луѓе во градот што создаваат култура