За претседател на Советот на општината беше избран советникот од партијата Левица, Бранко Ристов. Советниците избраа претседатели и членови на 11 комисии кои во четиригодишниот мандат ќе расправаат за теми со непреченото функционирање на локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски им предложи на советниците да размислат и да достават конкретни предлози и проекти што се во интерес на граѓаните.

Јакимовски ги повика советниците да присуствуваат на јавната презентација на планерските куќи, што во моментов изработуваат урбанистички планови за општина Карпош. Презентацијата ќе се одржи следниот викенд во салата за проекции, во рамки на Кинотека на Македонија