Официјална Москва, како што најави по протерувањето на вработен во руската амбасада во Скопје, објави дека како реципрочна мерка прогласи за персона нон грата дипломат од македонската амбасада во Русија.

Информацијата ја објави Руската амбасада во Скопје.

„На 10 јуни, в.д. амбасадорка на Република С.  Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата”, пишува во соопштението од Руската амбасада објавено на Фејсбук.

Оваа мерка, како што велат, е одговор на сосема немотивирана одлука на македонската страна за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“, која беше донесена во мај оваа година.