-Тој е непријател кој напаѓа во целиот свет. Во тој контекст, сметам дека е најважна меѓународната соработка, бидејќи само со помош на таа соработка можеме да се бориме со коронавирусот, додаде таа.
Агата Корнхаузер-Дуда денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче и првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, го посетија Институтот за транфузиона медицина, каде од вчера се складирани 200.070 вакцини „Фајзер“, донација од Полска.
Корнхаузер-Дуда рече дека ги охрабрува лицата кои не се вакцинирани, да се вакцинираат.
Ѓоргиевска изрази благодарност до полскиот народ за донацијата и ги повика граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што рече, засега само вакцината е единствениот излез од оваа ситуација.