Директорот на Македонски железници, Дејан Кошутиќ беше гостин во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.
Кошутиќ ги истакна придобивките на проектот Градски воз, кој официјално вчера беше промовиран од Владата.
-Во вчерашното обраќање бевме отворени и транспарентни со колегата Синиша Ивановски. Се што е ново наидува на опортунизам, но во овој состав предводени од премиерот Мицкоски и министерот за транспорт Николоски успеавме да ги реализираме идеите во реалност. Година и пол темелно работевме буквално според книга. Не е само пуштање воз од Зелениково до Скопје и назад, придобивките за граѓаните ќе бидат огромни и тие ќе се видат за месец, два. Ова е прва фаза, втората фаза проектирањето наместо втора и трета фаза ќе бидат во едно. Проектирањето на двете линии ќе биде за месец-два, а линиите ќе бидат готови до крајот на следната година. Едната линија ќе се обраќа од Железничка, Бутел, Скопје Север, Ѓорче Петров, а другата Маџари Илинден Миладиновсци. Околу 90.000 жители ќе имаат придобивка кога проектот ќе биде комплетно завршен.
Кошутиќ истакна дека големи се ефектите од воведување на Градскиот воз, како што се намалување на гужвите во сообраќајот, помало загадување и повеќе опции на граѓаните да стасаат од точка А до точка Б.
Првиот човек на Железници истакна дека пругата од Зелениково до Железничка е реконструирана во изминатиот период и за неколку месеци сменети се праговите кои претходно датирале од 1969 година.
