-Ги повикувам граѓаните да излезат во што е можно поголем број, да излезат и да го реализираат своето гласачко право. Локалните избори ни се важни и на нив носиме одлука кои советници ќе ни бидат во Советот на општината и секако кој ќе биде идниот градоначалник на општина Струмица, рече кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов .