Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, по повод една година од почетокот на неговиот втор мандат, оцени дека општината минува низ период на интензивен развој и реализација на капитални проекти.
Во објава на социјалните мрежи, Костовски истакна дека првата година од вториот мандат била една од најдинамичните досега, обележана со, како што наведе, крупни одлуки, силна реализација и значајни инфраструктурни зафати.
– Во овие пет години Општина Бутел доживува вистинска ренесанса. Првата година од вториот мандат е веројатно најдинамичната досега, година на крупни одлуки, силна реализација и клучни капитални проекти што ја менуваат иднината на нашата општина, напиша Костовски.
Тој посочи дека во изминатиот период е посветено внимание и на безбедноста во општината, оценувајќи дека развојот нема целосна вредност без безбедни населби и мирни улици.
Костовски нагласи дека промените што ги најавувал на почетокот од својот мандат веќе се видливи на терен
