Денес започна целосна реконструкција а во најбрз можен рок пензионерскиот клуб во населеното место Љуботенски пат ќе добие нов лик. Место кое е од огромно значење за жителите од Љуботенски пат, информираше преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Бител Дарко Костовски.
За жал предходната локална власт целосно го заборави и го запостави ова место со што во изминатиот период беше збиралиште и претставуваше закана за жителите.
Општина Бутел заедно со општествено одговорни луѓе од ова населено место ќе го вратат стариот сјај на овој пензионерски клуб и повторно ќе биде во целосна служба за потребите на граѓаните!
Со ова се исполни уште едно предизборно ветување дека во најбрз можен рок ќе се реконструира овој пензионерски клуб и континуирано ќе се грижиме за сите граѓани во Општина Бутел!
Ветеното го реализираме!, пишува во својата објава Костовски.