Kовачев против „Република“: Бугарскиот пратеник потврди дека германскиот Рајх и Бугарија ја окупирале Македонија

K
Македонија 10.03.2023. 17:00

Бугарскиот пратеник во ЕП Андреј Ковачев реагира на текст објаевен во „Република“ за конференцијата која се одржа во Брисел по повод Меѓународниот ден на Холокаустот, објавува сајтот.

На Ковачев не му се допадна пишувањето на „Република“ дека Бугарија не ги спасила Евреите туку помогнала да ги пратат во логорот Треблинка.

Дека нивните пишувања се точни потврдува и самиот Ковачев во реакцијата до нивната редакација.

„Ние изразвме длабоко длабоко жалење за тоа што се случувало со депортираните од тогашните окупирани од германскиот рајх Македонија и Беломорска Тракија кои трагично го завршуваат својот живот во концетрационите логори на нацистите-рекол Ковачев во ЕП.

Добро е што Ковачев конечно призна дека Германиа и Бугарија ја окупирале Македонија во Втората светска војна и жалат за она што се случило со Евреите.

Денеска цел ден трае преписка меѓу кабинетот на Ковачев и редакцијата на „Република“. На нашето љубезно барање целата содржина да ни биде преведена на македонски јазик за точно да разбереме за што се работи, добивме циничен одговор на нашиот мejл“, пишуваат од редакцијата на Република.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст