Пратеникот и поранешен премиер, Димитар Ковачевски од СДСМ синоќа во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ рече дека ги испочитувал партиските процедури околу јавните настапи и ја информирал партијата дека е повикан на интервју, но оттаму не му одговориле.

На прашањето дали има одобрение од Извршниот одбор на СДСМ за неговото гостување, Ковачевски во шега рече:

„Па, ги информирав, но никој не ми врати назад дали може да дојдам или не. Така да, вие веќе најавивте“.