Каква сензација! Браво момци, браво!
Вие сте вистински херои, оваа вечер покажавте што значи борбеност, желба, истрајност! Неверојатна победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес. Честитки и за селекторот Милевски и целиот тим, оваа вечер нема никогаш да ја заборавиме.
Ви благодариме! ❤️💛
Вака премиерот Димитар Ковачевски и ја честиташе ппбедата на македонските фудбалери кои вечерва го остварија сонот – ја совладаа Италија во полуфиналниот мундијалски бараж на гостински терен против Италија.