Владата објави дека премиерот Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи одат во официјална посета на Берлин.

Владината служба информира дека посетата е на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц.и започнува утре. Главна тема ќе бидат билатералните односи и германската поддршка на македонскиот евро-интеграциски пат

Во седиштето на Владата на Сојузна Република Германија е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и работна билатерална средба и вечера на двете официјалните делегации.