Новинарите и денеска успаја да му ги спојат жичките на премиерот Димитар Ковачевски. Дрско, како што најдобро знае, тој не одговори на новинарското прашање дали разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и за зградата на „Соравиа“ која ја купува неговиот внук Дрин Ахмети.

Владата не е ниту обвинителство, ниту суд. Ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар. Мене можете да ме прашате за моите внуци, рече Ковачевски.