Еве бидејќи многу зборувате, а малку кажувате, јас ќе Ви кажам што е точно:
1. Вашата сопруга заедно со сопругата на Директорот на Агенција за Разузнавање Еролд Муслиу Е основач на Конзорциумот кој го добил грантот.
2. Вие сте биле на седница на Влада на која е задолжен Националниот координатор да потпише Меморандум без кој не можел да биде добиен грантот.
Господине Битиќи, фатени сте 100:0.
Наместо да се заканувате, пресметајте си уште колку денови ќе сте на власт за да се криете позади функцијата.
До кога мислите дека ќе Ви се толерира киднапирањето на македонските институции за Ваши лични цели?
Одговорност ќе има, објави на ФБ Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на Фатмир Битиќи .