Пред неколку месеци јавно Ве прашав но се’ уште чекаме одговори на прашањата:

1. Дали во Ваш мандат како Министер за внатрешни сте засновале работен однос на лица кои минуваат низ евиденциите на МВР или упростено : дали направивте полицајци од лица кои не ги поминале безбедносните проверки?

2. Дали направивте полицајци од лица кои немаат поминато психофизички тестови?

3. Дали покрај веќе уапсените началници за трговија со дрога, имате и други началници во МВР со криминални досиеја и зошто да?

Г-не Спасовски, под Ваше раководство, МВР стана испостава на светските нарко-картели и терористи на ИСИС што се бараат на потерници од ИНТЕРПОЛ.

Кеширавте ли за пасошите или можеби не знаевте за кои лица се работи?

Г-не Спасовски, го уништивте капацитетот на МВР за набљудување и разузнавање. Нанесената финансиска штета е во милиони евра и за тоа се одговара кривично.

Г-не Спасовски, канцеларијата под Вашата е претворена во музеј на УЧК, ама што би рекол Вашиот есперанто лидер: “нисте одавде, јели?” Не сте виделе инаку ќе сте реагирале…

Г-не Спасовски, со Вашите постапки ја срамите македонската полиција и под Ваше раководство криминалците слободно шетаат и оперираат. Зошто е тоа така, можам само да си претпоставам…

За да не остане некажано, не е време за реформа на државата. Време е за генерален ремонт!

Време е Македонија да ја направиме држава еднаква за сите. Држава во која ќе нема повластени само затоа што припаѓаат или се под закрила на кланот од Муртино.

И за крај, кога веќе се дрзнувате да се обратите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имајте во предвид дека нашиот претседател е доктор на науки по роботика и вештачка интелегенција (изгуглајте ќе видите што е тоа), а Вашиот претседател во султан партијата од која стана и премиер, во среда и петок имал по 3 часа.

Со него и со Вас Македонија нема иднина