Два дена премиер Талат Џафери, два дена парадирање наместо работа. Ако првиот ден Џафери со паркирани службени возила го чекаа пред кафеани на плоштад во пешачка зона, вториот ден тој отиде на прослава организирана по повод неговата функција во Форино, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-И додека Џафери парадира, СДС и Ковачевски мора да молчат, затоа што тие го изгласаа во Собрание. СДС и Ковачевски свесно ја препуштија целокупната власт на Талат Џафери и на ДУИ. ДУИ со 15 пратеници има премиер, а СДС со 40-тина едвај 5 – 6 министри. Ковачевски го продаде СДС, си ги продаде и сопствените пратеници за ден повеќе власт со криминалците од ДУИ, вели тој.

Ковачки оценува дека ДУИ е криминал и корупција од најниско до највисоко ниво.

-Колку е ДУИ криминогена и корумпирана се гледа од најситни детали како возење на странски новинари, партиски гости на државен трошок, со државни возила од министерствата со кои управуваат нивните кадри, преку користење на просториите на институциите за приватни забави и собиранки, па се до милионските тендери за нивниот партиски донатор Еуровиа. ДУИ е криминал и корупција од најниско до највисоко ниво. Ваква разуздана ДУИ немаше да беше можна без сервилниот Ковачевски, кој се водеше според менторствата на ДУИ. Ковачевски е причината за сите уназадување на Македонија во последната година, матните зделки, криминалите, корупцијата, недовербата во судството и партизираноста. Ковачевски е причината поради која државата секој ден се повеќе ја губиме. Никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме, порача Ковачки.