Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и полковник во Армијата на Република Македонија, Драган Ковачки, преку својот Твитер профил го критикуваше премиерот Зоран Заев за неговото настојување на „вистински патриотизам“.

Како што вели Ковачки, Заев не може да се прави патриот и да дефинира патриотизам, а самиот тој во 2001 има избегнато да служи воен рок за време на воениот конфликт.

Инаку, пред неколку години, здружение на бранители од Струмица и јавно го објавија документот, каде Заев со лекарско уверение успеал да се „спаси“ од отслужување на воен рок.

– Заев објаснува што е патриотизам.
*Патриотот во 2001 свесно избегнува служење на воен рок, се наведува во твитот на полковникот Ковачки.