Крис Павловски открива злоупотреби

Крис Павловски кој е канадски бизнисмен со македонско потекло објави на Твитер дека УСАИД вршеле злоупотреби во Македонија. Тој во коментар на платформата Икс (по старо Твитер) пишува дека „И Македонија била киднапирана од левичарски невладини организации и УСАИД“.

Трамп и Маск за сомнителните трансакции во УСАИД

Администрацијата на Доналд Трамп ја нападна УСАИД во серија потези кои би можеле да значат крај за меѓународна помош на Соединетите Американски Држави. Тимот на Трамп откри дека преку меѓународните хуманитарни организации имало многу сомнителни активности. Ваквиот чекор предизвика бура од реакции. Предводник на обвинението против УСАИД е Илон Маск кој е советник на Трамп за намалување на владините трошоци. Тој тврди дека администрацијата може да намали 1 трилион долари од дефицитот на САД и да го позиционира својот напор како борба против корупцијата. Меѓу многуте сомнителни трансакции се најдоа и оние кои се исплаќале во Македонија.

УСАИД давала пари на фондацијата од Сорос

УСАИД давала пари на фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос со кои се влијаело на политиката во Македонија и се поддржувале левичарски агенди.

Ова тврдење според кое финансирањето се случувало во времето вториот мандат на Обама до 2016 година го објавува американската истражувачка новинарка и интернет личност Мериса Хансен на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

Кој е Крис Павловски?

Крис Павловски, канадски бизнисмен чии родители се од Македонија е основач на платформата Rumble, која е дизајнирана како алтернатива на YouTube. Тој е голем поддржувач на претседателот Доналд Трамп. Павловски инвестира во Македонија, а пред две недели се сретна со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Павловски: УСАИД вршеле злоупотреби

Павловски на Икс дека УСАИД вршеле злоупотреби во Македонија. Тој во коментар на платформата Икс пишува за парадоксалноста. Вели дека Американците можеле да заштедат 290 милиони долари.

И Македонија била киднапирана од левичарски невладини организации и УСАИД. Американците можеле да заштедат 290 милиони долари, пишува Павловски на „Икс“.

Неговата објава погледнете ја во продолжение.

Колку трошела УСАИД?

Во меѓувреме, новата администрација предводена од Трамп ги „чешла“ прошоците на нивните претходници. За сомнителните трансакции почна масовно да се објавува по социјалните мрежи.

Трошење на УСАИД во Западен Балкан (2020-24)

🇽🇰 Косово: 537 милиони долари
🇧🇦 Босна: 402 милиони долари
🇲🇰 Н.Македонија: 290 милиони долари
🇷🇸 Србија: 209 милиони долари
🇦🇱 Албанија: 189 милиони долари
🇲🇪 Црна Гора: 77 милиони долари

Вкупно WB6: 1,7 милијарди долари

Профилите кои се бават со статистики објавуваат за злоупотребите.

Павловски е пријател со Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски ја почна посетата на Вашингтон со средба со бизнисменот Крис Павловски. Павловски беше дел од бизнис-делегација што ја посети Македонија во јули минатата година. Таквата средба беше неполн месец откако владата на Мицкоски беше изгласана во Собранието и го презеде управувањето со институциите. Заедно со него допатуваа и Девин Нуњес, тогаш претставен од Владата како директор на „Трамп коорпорацијата за медиуми и технологија“, како и Хауард Лутник, американски милионер кој во моментов ја води фирмата „Кантор Фицџералд”.

Премиерот Мицкоски на средба со Крис Павловски во Вашингтон / ФОТО: Фејсбук-профил на Мицкоски
Премиерот Мицкоски на средба со Крис Павловски во Вашингтон / ФОТО: Фејсбук-профил на Мицкоски

Дипломатска офанизива на Мицкоски: Низа средба во САД со видни личности од политичкиот, деловниот и медиумскиот сектор

Останува да видиме која ќе биде разрешницата на УСАИД и дали ќе продолжат средствата во Македонија.