Во нуклеарната централа Пакш во Унгарија се преземаат вонредни мерки за да продолжат да работат двете преостанати турбини, откако ниското ниво на Дунав ја намали работата на електраната.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар на мрежата X соопшти дека вторник и среда ќе бидат критични, бидејќи се очекува нивото на Дунав дополнително да падне за 14 до 15 сантиметри.
„Моментално сме девет сантиметри од нивото на водата што би барало повторно исклучување на претпоследната турбина“, напиша Маѓар.
Според него, од четврток нивото на реката би можело повторно да почне да се зголемува поради врнежите во австриските сливни подрачја.
Пакш во моментов работи со намален капацитет поради историската суша и рекордно ниското ниво на Дунав, чија вода се користи за ладење на нуклеарната централа.
