СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(19) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’.
Д.К. на 2. месецов се пријавила на излез од Република Македонија и од извршените проверки било утврдено дека поседува фалсификувана италијанска лична карта и италијанска здравствена легитимација, за кои изјавила дека ги набавила од непознато лице за 1.000 евра, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.