ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(41), Д.С.(47) од Кичево и правно лице со седиште во Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.
При контрола на патничко такси моторно возило „Рено Меган”, управувано од Ф.М а во сопственост на Д.С. и неговото правно лице, извршена на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на селото Трапчин Дол, полициските службеници констатирале дека, превозот на патници се врши нелегално односно без поседување соодветна лиценa за за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, соопшти СВР -Охрид.