Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи денеска извршија претреси во објекти на ул. „Ѓорѓи Димитров“ и ул. „Костурски херои“ во Скопје по добиена оперативна информација дека незаконски се организираат игри на среќа што се забранети, по претходно обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд.

При претресите, како што соопшти МВР, затекнати се повеќе лица, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела по чл.398 „комар” и кривични дела „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија” по чл 206 од Кривичниот законик.