СВР Велес, СВР Тетово, СВР Куманово, СВР Битола и СВР Охрид поднесоа седум кривични пријави против 40 лица: П.Т.(23), Т.Л.(25), Х.Д.(20), И.Б.(38), М.Ј.(18), П.С.(25), А.Ј.(20), А.Б.(18), А.Ф.(21), С.Т.(20), К.А.(20), С.В.(21), И.Т.(25), Д.Ј.(26), М.К.(38), В.В.(18), С.И.(18) и С.А.(18) од Велес, М.Р.(23), Т.М.(25) и В.Г.(21) од Кавадарци, М.О.(24) од Скопје, И.Р.(21) од с.Камењане и И.К.(29) од с.Голема Речица, тетовско, В.Т.(52), М.П.(38), Е.А.(23), Д.О.(31), Е.О.(38), Е.Б.(45), А.В.(36), А.А.(31), М.Н.(27), М.Д.(38), Б.К.(27) од Куманово, Д.Г.(23) од Радовиш, Т.Д.(29) и М.Р.(63) од Битола, Т.Т.(57) од с.Д.Оризари и И.Р.(45) од с.Раковец, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Пријавените, во периодот од 29.05. до 13.06.2021, се движеле без дозвола за движење, за време на забрана за движење поради прогласена пандемија на Ковид-19.