– Пријавените, во периодот од 20.11.2020 до 22.01.2021 изготвиле и издале 14 образци за пријава на работа на странци на територијата на Република Северна Македонија на правно лице, со што всушност легализирале нелегален престој и работа на вкупно 87 лица странски државјани, без да добијат дозвола за легален привремен престој заради работа на странец и без да засноваат легален работен однос според законската регулатива согласно Законот за работните односи, велат од МВР.
На тој начин, вработените и’ овозможиле на фирмата да избегне плаќање на давачки кон државата по основ на персонален данок на доход и плаќање на давачки за придонеси по основ на задолжително социјално осигурување во износ од 593.056 денари, за која сума фирмата прибавила противправна имотна корист и воедно за истиот износ пријавените предизвикале штета на буџетите на Фондовите на Република Македонија.
Легализирале нелегален престој на 87 странци