Ситуацијата е уште подраматична во угостителскиот сектор, кој го доживеа најголемиот удар за време на пандемијата. На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сѐ келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета која била спроведена од една од коморите.
Од почетокот на кризата некои податоци говорат дека од 4 илјади до 20 илјади вработени го напуштиле овој угостителскиот сектор.
СУТКОЗ алармираше дека мора да се почитуваат и ценат работниците за да не се случи тоа на што перидов сме сведоци како работодавачите од овие сектори бараат работници и се жалат, па им порачуваме на тие газди сами да си работат или да им се извинат на работниците, да ги вратат и платат согласно работното место кое го работат со коефициентите за плата пропишани во Колективниот договор за угостителство и туризам, за да се спаси туристичката сезона.
Работниците кои работат во овие сектори ги охрабруваме, прекршувањата на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ преку мобилната апликација ССМ – мои работнички права, бесплатниот телефонски број 070 818 878, или по меил на prijavi@ssm.org.mk за да можеме навремено да интервенираме.
Сојуз на синдикатите на Македонија