Поголемиот дел од наставата била прекината за време на пандемијата. Наместо да одат на училиште, децата секојдневно со часови гледаат едукативни програми на телевизија, а домашниот интернет се уште е реткост во Куба.
Куба се фокусира на развој на сопствени вакцини, наместо да зависи од лекови од странски производители.
Локалните научници тврдат дека кубанските вакцини се безбедни и ефикасни, но податоците достапни за надворешните набљудувачи се ограничени.
Кубанското министерство за здравство наведува дека повеќе од 4 милиони луѓе се целосно вакцинирани.
Владата не соопштува колку деца се вакцинирани, но велат дека кампањата за вакцинација за децата започнала оваа недела во провинцијата Сиенфуегос, каде здравствениот систем се соочил со големи недостатоци со нагло зголемување на новозаболени и смртни случаи.
Кубанската влада, исто така, соопштила дека се надева дека ќе вакцинира повеќе од 90 проценти од населението од 11,2 милиони луѓе пред повторното отворање на меѓународните граници кон средината на ноември.
Првично, владата соопштила дека ќе се фокусира на вакцинирање на здравствените работници, постарите лица и најтешко погодените области. Но, по наглиот пораст на инфекции кај децата за што се верува дека се предизвикани од варијантата делта, владата објавила дека ќе им даде приоритет и на вакцинирањето на малите деца.