На 20.02.2023 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа Идризово Скопје.

 

Во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка, извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор.

 

-Постапувајќи по наредби за претрес, издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа, при што биле пронајдени: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена, информира МВР.

 

Останатите пронајдени предмети за време на претресот ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.