Поранешната советничка во Град Скопје од СДСМ, Софија Куновска, преку статус на Фејсбук, индиректно ја оправдува одлуката на Орце Ѓорѓиевски, да забрани фрлање ѓубре во контејнерите по 22 часот.
„Во Швајцарија пред 40 години првпат видов поставени камери кои набљудуваат кога и какво ѓубре одложува секој станар во или (скраја да е) покрај контејнерите.
Ако е оставено несоодветно спакувано или вон предвиденото време ви го враќаат на врата со љубезен поздрав и прашање дали знаете дека тоа ѓубре се фрла тогаш и тогаш, таму и таму, спакувано во таква и таква боја на најлон.
И тоа е прва и последна опомена пред да ви стигне казна по пошта“, напиша таа.
