Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.08.2022 до 12.08.2022 зема 220 примероци за физичко-хемиска и 220 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен
весник на РМ, бр.183/18).

Концентрацијата на резидуалниот хлор во мрежата се движеше од 0.30-0.40 mg/l.