Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк Македонија, е сликата која утрово нашите екипи ја затекнаа во паркот, велат од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје од каде остро го осудуваат овој вандализам.

За жал вакви глетки на уништена парковска опрема се сè почеста појава во градот.
Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители, велат од претпријатието.

Осуда пристигна и од Град Скопје.