Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, пред Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент изјави дека инфлацијата во еврозоната се уште е превисока.

Лагард извести дека годишната инфлација во еврозоната паднала на 8,5 отсто минатиот месец, благодарение на остриот пад на цените на енергијата, пренесува The Guardian.

Таа предупреди дека ЕЦБ се соочува со „покачени нивоа на несигурност“ и дека ќе преземе „пристап базиран на податоци“ за одредување на каматните стапки.

ЕЦБ ги зголеми референтните каматни стапки за половина процентен поен на состанокот минатиот четврток.

ЕЦБ го следи развојот на настаните со Credit Suisse
Лагард се осврна и на случајот со банката Credit Suisse, поздравувајќи ја „брзата акција“ и одлуката донесена од швајцарските власти.

Според неа, акцијата на швајцарската централна банка била инструмент за воспоставување нормализирање на пазарните услови и обезбедување финансиска стабилност.

Лагард додаде дека ЕЦБ внимателно го следи развојот на пазарот и е „подготвена да одговори по потреба“ за да ја заштити ценовната стабилност и финансиската стабилност во еврозоната.

Покрај тоа, таа рече дека банкарскиот сектор во еврозоната е отпорен, со силни капитални и ликвидни позиции.

Извор: Aljazeera Balkans.