На прес-конференција посветена на текот на пандемијата и појавата на новата варијанта Омикрон, таа исто така рече дека се согласува во Европската унија да се одржи „дискусија“ за задолжителната вакцинација.
Во време кога новиот сој на вирусот – Омикрон го загрижува светот, Фон дер Лајен во однос на задолжителната вакцинација оцени дека е „соодветно и разумно да се разговара сега“, наведувајќи дека тоа е нејзин „личен став“.
– Тоа би барало заеднички пристап, но мислам дека тоа е разговор што треба да се одржи, рече таа.
Според неа, ќе бидат потребни околу 100 дена за научната заедница да го приспособи одговорот на вакцината на новиот сој на вирусот.
Во врска со вакцините за деца, Фон дер Лајен изјави дека вчера добила „добри вести“ од компанијата Фајзер/Бионтек.
– Тие се во можност да го забрзаат производството. Со други зборови, вакцините за деца ќе бидат достапни од 13 декември, додаде Фон дер Лајен.
Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) денеска препорача децата на возраст од пет до 11 години да се вакцинираат против Ковид.
Вентарот наведе дека приоритет треба да се даде на вакцинирање на деца со висок ризик од развој на тешки форми на болеста, но дека и децата без ризик фактори можат да развијат и потешки форми и да бидат хоспитализирани, и оти сите деца на таа возраст треба да бидат вакцинирани.
Од центарот истакнаа дека уделот на хоспитализација на деца на возраст од пет до 11 години со Ковид расте, како и за сите други возрасни групи, но останува на многу пониско ниво отколку кај возрасните.