На 22.11.2025 година, во 20:51 и 21:17 часот, на линијата за итни повици 112 пристигнаа пријави за наводно поставени експлозивни направи во објектите на Спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа.
„Веднаш беа преземени неопходните мерки и активности од страна на полициските службеници. Извршени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за идентификација на лицето кое ја поднело пријавата.
