-Конгресот е момент кога минатото и иднина се среќаваат на едно место во еден момент, кога ние го формулираме практично онака како што го нарече претседателот втора епоха. Се формулира потребата од потребата од создавање на заеднички патриотизам и нов општествен договор. И ако се обидеме да погледнеме и да се навратиме наназад и да погледнеме кои се нашите резултати кога станува збор на обезбедување на подобар стандард на граѓаните, кои се нашите резултати кога станува збор за обезбедување на правда, на почитување на правната држава, кои се нашите резултати кога станува збор за здравство, ќе бидеме дека потфрламе на секое поле. Но, ако се обидеме да се запрашаме по што сме добри овие години, што е тоа што знаеме добро да го направиме ќе видиме дека тоа се само обвинувања и клевети, потенцираше Лефков и додаде:
„Имаме една власт која се занимава само со криминал, меѓутоа она што успева да направи е да пуштат токсини и буквално да го труе општеството. Токму затоа излезе потребата од формирање на овој нов општествен договор, затоа што со него ВМРО-ДПМНЕ се обидува на граѓаните да им даде една нова надеж, затоа што ако ги погледнете резултатите од локални избори ќе видите дека Македонија очекува многу од нас и како политичари, и како политика партија“.
Лефков: Новиот договор на ВМРО-ДМНЕ нуди нова надеж за сите граѓани
Л
Пратеникот Миле Лефков на денешната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Нов договор-заеднички патриотизам“ истакна дека од досегашното лошо владеење на СДСМ каде што има целосно потфрлање на секое поле произлегла потребата за создавање на заеднички патриотизам и нов договор кој има за цел обезбедување на нива надеж на граѓаните.