Вечерва, во 20:00 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир во чест на Владо Јаневски. Граѓаните ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит на еден од најсаканите македонски музичари.

Организаторите повикуваат сите што го сакаа и растеа со неговата музика да се придружат на собирот. Како што се наведува во објавата, неговите песни треба уште еднаш да одекнат, а светлината од свеќите да биде симбол на благодарност.

Присуството на граѓаните ќе биде знак дека големите уметници никогаш не се забораваат. Владо Јаневски ќе биде испратен достоинствено – со песна, со тишина и со љубов.

„Легендите никогаш не умираат, тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“, стои во објавата.