Третпат во кариерата напаѓачот на бундеслигашот Баерн Минхен, Роберт Левандовски, е избран за спортист на годината во Полска, во 87. избор на спортскиот весник „Przeglad Sportowy“ и телевизиската станица „Polsat TV“.

Полскиот фудбалски репрезентативец ја освои наградата пред трикратната олимписка победничка и светска рекордерка во фрлање кладиво Анита Влодарчук и светскиот вицешампион во спидвеј Бартош Змарцлик.

Наградата полски спортист на годината Левандовски ја освои и во 2015 и 2020 година.