Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има нова шанса да избори настап на гранслем-турнир. Таа се најде на листата на пријавени учеснички за ОП на САД, последниот турнир од „големата четворка“ оваа сезона.
Таа ќе игра три квалификациски кола пред да се најде на главниот жреб. Тоа и успеа на Вимблдон.
Првото коло на УС Опен стартува на 30 август, а квалификациите ќе се играат во Њујорк една седмица порано.
Ѓорческа минатиот месец испиша историја на Вимблдон откако успешно ги мина сите три квалификациски рунди и за првпат во кариерата обезбеди место на главниот турнир на еден гранслем.
