Во мај 2016 година, Ефтимов бил осуден на 3 месеци условен затвор за палењето и демолирањето на канцеларијата на тогашниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов.

-Борјан речиси еден месец е во куќен притвор, а се жалеше дека судијата не сакал да го сослуша уште пред да му биде одреден притвор, бидејќи на тој начин тој веднаш ќе го признел делото и немаше да има простор за одредување на притворот. – пишува во тогашната објава на порталот Фактор.мк.

Кратко по промената на власта, Борјан Ефтимов доби своевидна награда за неговото учество во шарената револуција, па откако се укинаа директните избори за студентски лидер на студентите на УКИМ, тој со 26 гласа на некакви делегати бил избран за претседател на Универзитетското-студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, види линк.

Пленуми, протести и инструктори од Србија

Добро упатени извори, за Радио Лидер сведочат дека во меѓувреме Борјан Ефтимов завршил факултет но очигледно не може да излезе од улогата на студентски лидер, па така во изминатиот период организирал сценарио во кое НСС (Независно Студентско Собрание) и Студентскиот пленум, ќе се соберат и ќе се претопат во неговата иницијатива „Кој е следен?“

Дека станува збор за организирана акција на одредени лица, да прават вакво сценарио во Македонија, говори и снимката која вчера протече во јавноста а на истата се гледа како инструкторка од Србија им дава насоки на студентите од овој пленум. На состанокот беа забележани и лица од Левица.

Кратко потоа, на граничниот премин Табановце, беа вратени лица од Србија кои организирано со транспаренти сакале да протестираат во Македонија.

Кој сака да ги искористи настаните за дестабилизација?

Во снимката која протече, може да се слушне како учесниците велат дека треба максимално да се искористи несреќата во Кочани во која загинаа 59 млади лица. Инструкторката им вели дека ситуацијата не е како во Србија затоа што македонските власти реагираат и апсат за разлика од властите таму. На тоа, учесникот од Левица смеејќи се вели „Можемо, можемо“.

Левица е партија со отворени про-руски и про-кинески ставови, па од таму задача на безбедносните институции е да утврдат дали некој од странство се обидува да исценира немири во Македонија.

Редакциски коментар на Радио Лидер е дека е премногу симптоматично тоа што лице осудено за насилство на протести е вклучено заедно со оваа радикална политичка партија, во истата мисија да се организираат настани во кои ќе се обиде политички да се насочи очигледниот бес на јавноста.