Владите во Вилнус и во Рига ја обвинуваат Белорусија дека им помага на бегалците од воените зони да стигнат до надворешната граница на ЕУ и со тоа сакаат да создадат миграциска криза.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја предупреди ЕУ кон крајот на мај дека неговата земја повеќе нема да ги спречува мигрантите да пристигнуваат во ЕУ, како одмазда за санкциите од западот против Минск.

Литванија, Летонија и Полска се соочуваат со бран илегални мигранти од блискиот исток што ги преминуваат нивните граници. Трите држави прогласија вонредна состојба во пограничната зона.