Заменичката државен секретар Венди Шерман денеска се сретна со Џејмс Клеверли, секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство, при што двајцата ги реафирмираа плановите за продолжителна поддршка на Украина, а во поглед на руските тековни и жестоки напади на критичната инфраструктура, соопшти Стејт департментот.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Шерман одржа средба и со Тим Бароу, советник за национална безбедност на Велика Британија и со потсекретарот за надворешни работи, Комонвелт и парламентарен развој, Дејвид Рутли.
Според портпаролот Нед Прајс, средбите се одржале во Лондон, а на нив се дискутирало за „заедничките приоритети како поддршка за слободен и отворен тихоокеански регион, одржување мир и стабилност во Тајванскиот теснец и активна работа да се дојде до договор со ЕУ за имплементација на протоколите за Северна Ирска“.