Белоруските власти во ноември го ставија Проташевич на потерница, по минатогодишните масовни протести против контроверзната изборна победа на Лукашенко.
Повеќе светски медиуми тврдат дека белорускиот претседател наредил принудно слетување на авионот на Рајанер во кој се наоѓал Проташевич, по што тој беше уапсен. Некои медиуми наведуваат и дека лично Лукашенко наредил еден авион од белоруската авијација да го придружува авионот на Рајанер до аеродромот во Минск.
Според засега официјалните извештаи, авионот на Рајанер, кој летал од Атина кон Вилнус, принудно слетал во Минск, откако белоруските власти добиле закана од Хамас за поставена бомба во леталото. Хамас демантираше поврзаност со инцидентот. После проверката на авионот, беше утврдено дека заканата била лажна.