Неделава се очекува да пристигнат нови 70 000 вакцини од Бугарија и Грција, од Астра Зенека, неизвесно е пристигнувањето на кинеските на Синовак.
Недостигот на вакцини се чувствува неколку дена наназад. Во саботата прва доза вакцина примиле само 597 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.792 граѓани. Се вакцинира критичната инфраструктура и лица со ретки болести. Досега 47 % од населението над 70 години и 41 % над 65 години примиле една доза вакцина.
Со оглед на овие податоци од министерството, прашање е за кого ќе бидат наменети вакцините на Астра Зенека, од Бугарија и Грција. Дали државата после оваа пратка ќе го смени ставот и ќе дозволи вакцинација на сите полнолетни граѓани како што тоа го направи Германија пред три недели.
Инаку, досега вкупно се аплицирани 315.781 дози вакцини, а ревакцинирани се 81.273 граѓани што е само 4 проценти од вкупното население.
Н апрашањето дали во сесдна Грција е дозволен влез со тест за антитела од прележан Ковид, министерот Филипче одговори дека ставот на Грција е дека со таков докумнт не може да се влезе во земјата.