Македонија е на шестото место во светот според бројот на реални смртни случаи од Ковид-19 во однос на населението. Пред нас се Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Мексико.

-Податоците ги објави „Health Data“, американски институт за процена на здравјето. Според извештајот, Македонија има вкупно 482 смртни случаи на 100 илјади жители, за периодот март 2020 година до мај 2021 година и е рангирана на шестото место меѓу 20-те земји со најголема реална смртност од Ковид-19, пренесува агенцијата Балкан веб.

По Македонија е Белорусија (472 смртни случаи на 100 илјади жители), следат Романија (465), Казахстан (459), Перу (447).

-Според извештајот, Албанија има околу шестпати повеќе смртни случаи од официјално соопштените, рангирајќи се повторно меѓу земјите што имаат најниска стапка на официјални декларации во однос на вкупната бројка смртни случаи, по Белорусија и Азербејџан. Во Македонија, односот е два, додека во Црна Гора е 1,4, наведува агенцијата.