Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ со супериорна игра им се реваншираа на данските одбојкари за минатонеделниот идентичен пораз на првиот турнир во Струмица, и го презедоа водството во групата А со девет бодови, пред преостанатите два натпревари во Шлагелсе против Израел, утре од 16 часот, и Кипар, в недела во истиот термин.
Македонските одбојкари независно од крајниот пласман во групната фаза ќе играат на фајнлфорот од овогодишното издание на Европската сребрена лига како домаќини во салата „Парк“ во Струмица од 3 до 5 јуни.