Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.12 – 31.12.2021 година вкупниот промет изнесувал 840.414.353 денари и е намален за 31,61 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 754.690.781 денари и е зголемено во однос на ноември за 69,56 отсто кога изнесувало 445.081.429 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 431.449.081 денари и обврзници во вредност од 323.241.700 денари.
Блок трансакциите во декември изнесувале 85.453.250 денари и се намалени за 89,10 отсто во однос на ноември.
Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.658 и е зголемен за 4,28 отсто во однос на ноември кога изнесувал 1.590.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за декември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.