Четири спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Олимпијадата
Македонската делегација веќе е во Милано, каде утре официјално започнуваат 25. Зимски Олимписки игри.
Во составот на делегацијата се четири македонски спортисти, а тимот го предводи шефот на делегацијата Цветанка Макаровски. Свеченото отворање на Олимписките игри во Милано и Кортина ќе се одржи утре, на 6 февруари, на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано.
Церемонијата ќе започне во 20:00 часот по македонско време. Натпреварувањата ќе се одржуваат на повеќе локации, освен во Милано, и во спортските центри во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо.
Атанасовска и Јада ќе бидат знаменосци
Знаменосци на македонската делегација на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска и Ставре Јада. Атанасовска ќе го носи знамето во Кортина, додека Јада ќе биде знаменосец во Предацо.
