Агресивниот почеток веднаш веќе во 2. минута донесе одлична шанса за Трајковски но неговиот шут откосо од левата страна за малку завршува покрај дирекот од голот на Исланд. Веќе во 4. минута и Елмас шутира од 16 метри, но Олафсон со крајни напори брани исфрлајќи во корнер.
И тоталната офанзива вроди со плод во 7. минута, кога Трајковски одлично по левата страна го проигра Езгијан Алиоски а левокрилниот дефанзивец испраќа „бомба“ откосо за прекрасен погодок за водство од 1-0.
По погодокот и натаму ја продолжи иницијативата пред гостинскиот гол. Се редеа можности, но непрецизно завршија обидите на Дарко Велковски по корнерот во 22. минута, како и на Енис Барди во 24. минута. И во 26. минута 100% шанса за Милан Ристовски кој избива сам пред гостинскиот гол, но Олафсон брани.
Во 37. минута уште еден обид, овој пат со глава, на Милан Ристовки, но над голот на Исланѓаните.
А, во 41. минута и поништен погодок за Македонија. По шутот на Алиоски и одбиената топка од гостинскиот голман, Чурлинов од 7-8 метри ја тресе мрежата, но по ВАР-проверката голот е поништен затоа што Чурлинов е милиметри во офсајд-позиција.
Исланд израмнува на 1-1 против Македонија во натпреварот од 10. коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.
Стрелец на израмнувачкиот погодок за Исланѓаните е Тостерсон во 55. минута.По ударот на Езгијан Алиоски, Елјиф Елмас неверојатно се снајде на мал простор и успеа да го „матира“ голманот на гостите.
Стрелец на третиот гол за Македонија повторно беше Елјиф Елмас во 87. минута.