Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одржуваа резултатска неизвесност до 42. минута, кога домаќините со серија од 4-0 стекнаа предност од 23-18, која до крајот на натпреварот беше недостижна.
Најефикасни во македонските редови беа Филип Талевски со шест и Филип Кузмановски со четири голови, а голманот Никола Митревски запиша 11 одбрани.
Македонските ракометари ќе имаат шанса за реванш против истиот противник утре во Каиро со почеток во 17 часот. Двомечот против Египет е во рамки на подготовките на македонските ракометари за настапот на Европското првенство во 2022 година.